THE VILLAGE SUDIKJ

Овче Поле

Sudikj – the village where my ancestors were born is not well known nor significant for anything, except maybe for the stubbornness of its famous and not-so famous former inhabitants. I say former because in the recent years only two families exist here, comprised of a few old and middle-aged men, owners of two flocks of sheep, the last ones persistent in their defiance to the modern city-life.

It is situated about ten kilometres north of Shtip, between Sveti Nikole, Probishtip and Shtip, somewhere around the centre of the Earth. It can be reached from the narrow village road, asphalted fifteen years ago, just wide enough so that two vehicles driving in opposite directions can pass one another.

oktomvri 15 107

Cutting in the middle the fertile Peon wheat fields, you pass by the small monastery of st. Elijah, and shortly arrive to the village spout from which spring water flows and the villagers fill their “bardachinja” for centuries, the stream is weak but the water is cold and has sweet taste.

селската чешма

The road ends in front of the church st. Petka, the oldest one of the seven existing in the village, where my father was baptized ninety years ago. It was recently renovated and it has amazingly painted iconostasis.

селската црквичка св. ПеткаWe arrived at the end of the road, however not to the end our journey. Surrounded from three sides with hills, came into sight the houses on the elevations, wrecked from the cruelty of times of village-town migration, peacefully and solemnly, the crude walls remembered their distant moments full of life. There in the midst of the ruins we had a feeling that we are at the end of the world, but a moment later it came to our mind that the ancient road Via Egnatia crosses here, witnessing the brighter periods of the village.

And then, when I arrived at the place of the old house, when I stepped onto the empty space where once the fireside had burnt, I was overwhelmed by some strange, new feeling, as if the soil was talking to me that here are my roots…

Now what is more to write about, whether of the pile of old tiles, ingrown with the ground, of the heap of rocks from  my grandparent’s house, or for the old man’s heavy tears that fell on my father’s wrinkled face when he understood that the round rock that he had carved as child, from which the poultry had drunk, wasn’t there anymore. He remembered with a sigh that it stood there for almost a century but disappeared in the same way as the wooden wall studs were gone many years ago…DSC_0190

Ovche pole sunsets are another story, at the end of the day they unveiled me another timeless gift of nature, astounded and speechless I was following the last rays of the sun which playfully blended in the most extraordinary colours on the horizon.

My return to the primeval was ending, the village uncovered me its secrets, only the rocks were inviting me for another adventure, emotional and spiritual experience. I thanked them for their invitation and whispered that we have to separate now but will see each other soon.

 

oktomvri 15 085oktomvri 15 089

 

DSC_0216DSC_0132DSC_0237DSC_0135DSC_0156 (2)DSC_0157DSC_0233DSC_0209ѕидиниполеDSC_0182DSC_0188DSC_0192oktomvri 15 152oktomvri 15 178oktomvri 15 198

Advertisements

Ресторан Фурна

Денес ќе ве однесам во еден необичен ресторан, во шума, покрај река, под ведро небо!

Ресторанот Фурна се наоѓа во селото Добреноец, близу Кичево, на 1000 метри надморска висина, близу до изворот на Студенчица, од каде се снабдуваат со вода неколку градови од западна Македонија.

20170715_180620

 

На падините на планината Бистра, во средина на богатата флора, едно скромно семејство изградило од дрво прекрасно место за одмор, релаксација и уживанција.

Го препорачувам на сите намерници кои патуваат кон Охрид, Струга или обратно, за освежување во врелите летни денови, а богами и вкусна трпеза од пастрмка, печено свинско и јагнешко под сач или пица во фурна. Сопствениците нудат и палета на домашни вина кои се неизоставни во комбинација со што и да изберете.

DSC_4967

 

Салатата е исто така органска, свежа, штотуку набрана од градината зад ресторанот.  За мое огромно задоволство во менито стои и редок дијамант – турско (или македонско ако милувате) кафе! Замислете ја само таа убавина и целовитост на еден оброк.

20170715_181247

 

И за децата има простор за различни активности: помалите си буричкаат во песокот, има лулашки и огромен двор за немирковците да си ги испружат ноџињата, а поголемите авантуристи можат да и се прошлапкаат во студената вода (се разбира во договор со авторитетите 🙂

DSC_4957

Освен вкусна храна и вино, овде ќе добиете чист воздух и свеж шумски мирис, ќе уживате во песната на птиците и штурчињата, а жуборењето на реката е врв на целото сетилно искуство.

20170715_165316-1

Отворено е од доцна пролет до есен, но и ако ја промашите сезоната, продолжете право по патот, на неполн километар одовде се наоѓа рибниот ресторан Добреноец кој е отворен во текот на целата година.

DSC_4962-1

Секогаш со радост доаѓам овде да вкусам парче мир и убавина. Повелете, уживајте…

Брждани

Брждани 6Селото Брждани е десетина километри оддалечено од Кичево, се наоѓа оддесно од магистралниот пат кој води кон Демир Хисар и Битола. На 600 до 900 метри надморска височина во предел обрастен со дабова шума, поделено на три дела, расфрлани во маала се наоѓаат педесетина трошни кукички во кои живуркаат многу повеќе старци отколку деца.

Кој и да слушне за Брждани отпрвин ќе си помисли: село како и секое друго, oгромна невработеност, оскудни услови за живот,  далеку од градот, селаните го обработуваат земјиштето и одгледуваат животни.

Но не било секогаш вака. До пред 3 децении овде имало позната дискотека во која се собирале младите од сите околни села. До пред неколку години имаше амбуланта, матично, пошта, па дури и фабрика. Сега од матичното е останата само урнатина, поштата е во склоп на продавницата, а амбулантата  покрај игралиштето, празна и сѐ уште нова, трпеливо чека поповолни времиња.

продавницата во Брждани

Во продавницата секојдневно се збира одборот на селани кои седнати на пластичните столчиња, со чашка сливова ракија расправаат за тековните работи, новонастанати ситуации и проблеми кои се обидуваат да ги решат со заеднички сили.

Игралиштето е домаќин на избор на Бржданска убавица – на времето голем културен настан во организација на списанието „Екран”, на кој учествувале вистински убавици од цела Македонија и се претставувале актуелните естрадни уметници. Сега тие времиња се останати само во сеќавањата на бржданци, настанот се одржува и до ден денес, но има послаба организација.

игралиштето

Училиштето е мало, со мал двор обрастен со висока трева, со надворешно полско Ве-Це, внатре има две сопчиња во кои во мешани паралелки до петто одделение  учат десетина ученици собрани од најблиските села. Ќумбето на дрва е извор на топлина во студените зими, а изгниените даски и останатиот училиштен инвентар небаре се замрзнати во сцена од минатото. Но ова не им пречи на бистрите ученици, ништо не ја поматува нивната огромна жед за наука и запознавање на светот.

љубов

Oсвен изнесената погоре непривлечна реалност, во Брждани сѐ друго е некако убаво. Природата не само што благословила со личнотија туку и со изобилство од род. Сѐ што гледаш овде остава силен впечаток. Билките и плодовите се необично големи, ѕвездите се поголеми и посјајни, па дури и луѓето се високи и силни како дабовите дрвја.

Најголем настан во Брждани, всушност и во сите села од овој регион, е празникот Водици кој се слави три дена. Селата се поделени на неколку крстови (фамилии) а секој крст е поделен на семејства кои секоја година по ред го менуваат кумството. Сите се собираат во селската црква посветена на св. Никола и ги капат крстовите ишарани со босилек, сребреници и црвен и бел конец, ги креваат идните кумови на раменици, а потоа кумовите ги благословуваат присутните. После црква се збираат луѓето од секој крст во својот семеен „Дом за светѝ Јон” или пак во домот на стариот кум, живнува селото, отсекаде се слуша музика. Скараните се простуваат, се јаде и пие, се игра и пее, а после цела година се прикажува кој што напраил тие денови.

зимска идила

Во зима неколкуте стрмни патишта создаваат скоро професионални патеки за санкање. Дечињата со зацрвенети обравчиња и премрзнати рачиња прават ангелчиња а ние уживаме во симфонијата на паѓањето на меките снегулки и крцкањето на длабокиот снег под нозете. Дури и расеаните куќички гледани озгора се разубавуваат и заличуваат на новогодишни честитки.

зима

пролет во Брждани

Брждани има многу природни извори и кладенци а и неколку брзи зборливи рекички протекуваат низ селото, се влеваат една во друга и ја создаваат Треска. Напролет започнува сезоната на дождови, шумата раззеленува, секаде замирисува на влага и мајчина душичка.

Ние едвај, со душа ја дочекуваме доцната пролет за да се втурнeме во потрага по диви јаготки. Бербитe секогаш cе богати a јаготките миризливи и сочни ни се топат во уста.диви јаготки

јаготки на сламка

 

 

 

 

 

 

 

Летото е идеално за одмор и алтернативен туризам. Деновите се пријатни, а ноќите дури и студеникави. Поради многуте планини и шуми развиен е ловот, а од реките може да се улови и подготви вкусна пастрмка. Се собираат печурки и полжави и се печат на скара.

Во квечерините, на почетокот на летото се појавуваат невообичаени, надреални глетки – се чини како небото да се превртело на земјата и ѕвездите засветкуваат над ливадите, но (за оние што не знаат) тоа се безброј светулки кои го играат свадбениот танц и чудесно блескаат во љубовен занес.

печурки

Есента е најдарежлива – се берат  диви малини, капини и  дренки. Време е за берба и  на насадените плодови, се подготвуваат домаќинките за долгата зима a  од секоја куќа мами мирисот на печени пиперки од кои се прави вкусен ајвар и лутеница.

Инаку во Брждани има дури 3 доцноантички археолошки локалитети од средниот век: Водици, Селиште и Богородичина краста. (Двете фотографии подолу)

Бржданско 2

кон соседното село

Последниов е тврдина и има остатоци од ѕид на олтар, се смета дека овде пред околу 500 години бил манастирот св. Богородица Пречиста пред да биде преселен на планината близу Пополжани. Според легендата селаните гледале некоја светлина на местото на сегашниот манастир. Тоа била чудотворната икона на Богородица која колку пати и да ја враќале на старото место, во Брждани, следното утро пак ја наоѓале на соседната планина. Тогаш решиле да го преместат манастирот, во кој и ден денес стои чудотворната икона.

Многу дарови добиваат намерниците што ги оставаат загадените градови зад себе и решаваат да поминат барем еден викенд овде: свежиот планински воздух што ги полни градите, шумските пејзажи кои во секое годишно време ги насмевнуваат гладните очи за убавина, бучните рекички кои го прочистуваат умот… Кога заминуваш од таму, си одиш исполнет и богат.

Не е можно да не се вљубиш во овој крај, прекрасните моменти поминати овде длабоко се врежуваат и секој  што дошол овде се сеќава: Ех, сум бил јас во Брждани…

лето во Брждани

Брждани 4

Брждани 7

Брждани 5

Брждани

Брждани 3

Брждани 2

Бржданско 3

Бржданско 4

Бржданско

Ситонија, Халкидики

DSC_4455

Уште во раните утрини, кога го испружуваме патот под тркала, изгрејсонцето над Маркови Кули ветува убави доживувања.

На граница без многу задржување, со широки насмевки од далеку го мирисаме морето. Се спуштаме кон Халкидики, ја одминуваме Касандра, ја поздравуваме Ситонија.

Ситонија е вториот крак на Халкидики и за да се стигне до неа потребни се час – два повеќе од Касандра, подалеку е, но тежината на патувањето не се чувствува во друштво со маслиновите насади и шумите со високи борови. На многу места на патот има посебно направени видиковци – почивалишта за вљубениците во убавината, со паркинг за возилата, некои и со дрвени клупи и со покрив за заштита од жешкото пладневно медитеранско сонце, од каде може да се видат распространети прекрасни глетки кон гратчињата и плажите на Егејско Море.

Плажите на Ситонија се природно извајани од природата, многу од нив имаат дебели борови сенки, а без исклучок, сите, имаат ситен песок и кристално чиста вода.

DSC_2596

Овде секој може да си го најде своето идеално место: некои удобно се сместуваат на лежалките и си шмркаат кафенце слушајќи ги последните летни хитови, но има доволно простор и за оние што сакаат да се оддалечат и да уживаат во природата, топлиот песок, звукот на брановите и песната на птиците.

Први се поминуваат помалите местенца Геракини и Метаморфози, но ние продолжуваме кон Никити – пристаниште и едно од најголемите гратчиња на Ситонија. Поради неговата поволна местоположба може да послужи како база за секојдневно истражување на блиските плажи: Калогрија, Ковиа, Лагомандра… кои се оддалечени 10-20 километри и морам да повторам се… прекрасни. Никити е свртен кон запад и има незаборавни зајдисонца.

Sunset in Nikiti

10427681_10204031077318524_5500617902328394828_n

nikiti harbor2nikiti harborНикити

10382860_10204031277843537_7907372763361279515_n

10360614_10204031281723634_5535371105517516063_n

DSC_2764Ковиа

Гратчето Неос Мармарас е најголемо на Ситонија, оддалечено дваесетина километри јужно од Никити,  а во негова близина се наоѓа резортот Порто Карас, со огромни, луксузни хотели со 5 ѕвездички. Овде е и  малото островче Келифос кое има форма на желка, не е населено, но има плажи достапни само по воден пат и за оние со поавантуристички дух.

1554523_10204031126999766_8997533969186341397_n.jpg

neos marmaras3Неос Мармарас

Најдолу на западната страна на полуостровот се наоѓа Торони: мало, спокојно местенце, со мирно, плитко море.

Ако сакаме да преминеме на источната страна на полуостровот, од горната страна, после Никити  го поминуваме пристаништето Агиос Николаос, и стигнуваме до прекрасните плажи: Лагониси, Родиа, Каламици…

DSC_4647Агиос Николаос

DSC_4417Панорама на Каламици

DSC_4399
Каламици

rodia2

 

 

DSC_2580Родиа

Вурвуру е најпознато и најпосетено место на вториот крак. Се наоѓа на источната страна на полуостровот, има 2 продавници, убави ресторани, но за разлика од сите други плажи, овде нема лежалки, туку луѓето си избираат место под природните сенки од разгранетите борови или под сопствените чадори. Во селото има неколку луксузни хотели, но сместувањето е главно во огромни приватни куќи со базени и убаво уредени широки дворови со трева и цвеќиња, каде можеш слободно да ги оставиш дечињата во својата игра додека си правиш скара за вечера со друштвото. Овде се наоѓа една од најубавите плажи на светот, со плитка топла вода со тиркизна боја, живописни карпи и незаборавни места за фотографирање.

DSC_2260

vurvuru8Вурвуру

10407225_10204030852192896_7901650710572173388_nКариди

Сарти е шармантно мало селце со убави апартмани, долга и широка плажа. Овде Света Гора е најблиску и ја покажува сета своја големина и мистика и благословува со мир. Изгрејсонцата над Атос се чудесни, надреални, инспиративни.

DSC_4464

sartiСарти

DSC_4587

DSC_4580Изгрејсонце над Атос

Магијата на Сарти продолжува со појавувањето на месечината која со совршеното темпирање на време и место, изгрева од морето, зад најјужните карпи, кревајќи се полека, отпрвин како мало далечно фенерче, а потоа заблескува високо на небото отсликана во отсајот на морето.

DSC_4379

DSC_4409

Убавина, убавина насекаде, го крева расположението, те прави среќен, те придвижува, воздигнува и вознесува, се отвораш за неа, а таа те обзема потполно така што посакуваш тоа чувство да трае вечно.

DSC_4440

DSC_4437Лагомандра

 

DSC_4493

DSC_4512

DSC_4502DSC_4495Orange Beach

 

vurvuru5.jpgvurvuru4

vurvuru3Вурвуру

 

karidi4

karidi3

karidi

karidi2

karidi5Кариди

Селото Судиќ

Судиќ – селото од каде што потекнуваат моите прадедовци е за малкумина познато и по ништо особено значајно, освен можеби по нашироко прикажуваната тврдоглавост на неговите славни и неславни поранешни жители. Велам поранешни затоа што во последниве години овде битисуваат само две семејства составени од неколкумина старци и уште толку средовечни, сопственици на две стада овци, коишто упорно ѝ пркосат на модерната граѓанштина.

Се наоѓа десетина  километри северно од Штип, помеѓу Свети Николе, Пробиштип и Штип, некаде околу центарот на светот. До него се стигнува по тесен селски пат, асфалтиран пред петнаесетина години, едвај доволен да се разминат две возила од спротивна насока.

oktomvri 15 107

Сечејќи ги на  средина плодните житни пеонски полиња, минуваш покрај манастирчето св. Илија, и за кратко стигнуваш до неодамна реновираната селската чешма. Од неа селаните со векови ги полнат бардачињата со вода, која иако е слаба и едвај протекува, сепак е студена и слатка.

селската чешма

Патот завршува пред црквичката света Петка, најстара од сите седум цркви и манастирчиња во селото, во која бил крстен татко ми пред деведесетина години, неодамна реставрирана, но со зачудувачки убаво насликан иконостас.

селската црквичка св. ПеткаДоаѓаме до крајот на патот, но не и на нашето патување. Обиколени од три страни со ридови се подаваат куќите на височинките, распаднати од суровоста на времињата на миграција село-град, спокојно и свечено штурите ѕидови се сеќаваат на своите дамнешни мигови полни со живот. Меѓу урнатините имаме чувство дека сме на крајот на светот, но за миг подоцна се потсетуваме дека всушност овде минува античкиот пат Виа Игнација, сведочејќи за светлите периоди на селото.

 

 

 

И тогаш кога стигнав на местото каде што стоела старата куќа, кога стапнав на сега празниот простор, на местото на тогашното огниште, ме облеа некое ново, чудно чувство, како самата земја да ми зборуваше дека овде се моите корени…

DSC_0182

DSC_0190

И за што да продолжам да ви зборувам, дали за купот од ќерамиди сраснати со земјата, за грамадата камења останати од куќата на дедо ми, или за тешките старечки солзи кои се тркалаа по татковото избраздено лице кога подоцна разбра дека го нема каменот што стоел деведесет години на истото место, кој што самиот го издлабил како дете и од кој си пиелa вода живината. Исчезнал каменот исто како што пред многу години исчезнале гредите од куќата, како што исчезнал поголем дел од ќерамидите…

DSC_0192

А овчеполските зајдисонца се приказна сама за себе, на крајот од денот ми подарија уште еден безвременски дар на природата, останав воодушевена без збор  следејќи ја последната игра на зраците кои се прелеваа во најчудни бои на хоризонтот.

Заврши моето враќање кон исконското, ми ги откри селото неговите тајни, само карпите од спротива ме повикуваа за уште една авантура, емотивно и духовно  доживување. Им се заблагодарив за поканата и им шепнав дека сега мора да се разделиме но пак ќе се видиме наскоро.

oktomvri 15 089

DSC_0216DSC_0132DSC_0237DSC_0135DSC_0156 (2)DSC_0157DSC_0233DSC_0209ѕидиниполеDSC_0188oktomvri 15 152oktomvri 15 178